Економија

ВО ХОЛАНДИЈА СЕ ПРИМЕНУВА НОВА ДЕФИНИЦИЈА ЗА СИРОМАШТИЈА, според новата методологија бројот на сиромашни во Холандија се намали за 34 отсто

Во Холандија  540.000 луѓе се сиромашни  или 34 отсто помалку од минатата година, а ова намалување се должи на примената на новата методологија, која ја применуваат Статистичкиот завод на земјата, Институтот за буџет и Холандскиот институт за општествени истражувања.

Според претходните пресметки, во Холандија имало 820 илјади сиромашни лица. Претходно истражувањата за сиромаштијата во Холандија се базираа на пет различни критериуми, односно на приходите и фиксните трошоци на домаќинствата. Со новата методологија при одредувањето на сиромашниот статус на лицето се зема предвид и неговата имотна состојба.

Минатата година границата на сиромаштија во Холандија беше одредена на 1.510 евра месечно за самец и 2.535 евра за двајца возарсни со мали деца. Со новите критериуми семејството кое нема приходи, но има големи заштеди и нема долгови не се смета за сиромашно, пренесува „Политика“.


фото freepic   

ПРЕПОРАЧАНО