Економија
КОИ ЕВРОПСКИ ГРАЃАНИ ЕДВАЈ „ВРЗУВААТ“ КРАЈ СО КРАЈ ВО МЕСЕЦОТ
22.10.2024
Граѓаните во Грција имаат најголеми проблеми со покривање на месечните трошоци во однос на другите жители од Европската Унија. Дури 90 отсто од Грците имаат проблеми со подмирување на основните животни потреби. По нив на врвот на листата се жителите на Бугарија со 78,2 отсто, на Романија со 68,1 отсто, Хрватска со 66,3 отсто и Словачка со 66, 0 отсто.
Просекот на граѓаните во Европската Унија кои се изјасниле дека имаат потешкоти во покривањето на месечните трошоци на живот изнесува 45,4 отсто. Во Словенија овој процент е 40,5 отсто, во Италија со 58,5 и Франција со 41,1 отсто.
Финансиската состојба е најдобра за жителите на Холандија и во оваа земја само 19,7 отсто од граѓаните имале проблеми со месечните трошоци за живот. Во Германија овој процент изнесува 21,8 отсто, во Луксембург 24,0 отсто, во Финска 25,2 отсто и во Белгија со 31 отсто, пренесува „Пословни дневник“.
фото freepic