Економија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДОРОДОТ

Германскиот регулатор за енергетика издаде одобрение за изградбата на националната мрежа за цевковод за водород. Енергетските стратези во Германија очекуваат водородот да биде важен извор на енергија при транзицијата од користењето на фосилни горива на економија која ќе се потпира за „зелени“ извори на енергија.

- Денеска е одлучено за јадрото на мрежата за пренос на водород, која не е довршена, но сега сигурно ќе биде изградена, изјави вицеканцеларот Роберт Хабек, член на Партијата на зелените.

Некои од делниците на мрежата за пренос на водород ќе бидат завршени пред 2032 годинас. Вкупните трошоци за реализација на овој проект изнесуваат 19,8 милијарди евра. Поголем дел од оваа сума ќе ги покријат приватните инвеститори.  Годишниот капацитет на гасоводот е 278 терават часови. Ова е една третина од сегашната потрошувачка на природен гас во Германија.

Должината на целата мрежа на почетокот е планирана на 9.040 километри, но е значително намалена (за 600 километри), поради скратување на приклучните линии кои не се важни за функционирање на главната мрежа за пренос на водородот, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО