Економија

Петрески: Клучно е фискално да се дисциплинираме

Надолната ревизија на проекцијата за растот на македонската економија од 1,8 отсто од страна на Светската банка, не е за изненадување, бидејќи бројките за првата половина од годинава покажуваат благо-позитивна, но недоволна динамика да се постигне значајно повисок раст, вели професорот Марјан Петрески во разговор за „Локално“. 

-  Во првата половина од годината, остварениот раст е 1,8%. Лично очекувам дека втората половина ќе биде нешто подобра, бидејќи она што веќе го имаме како индикатори за третиот квартал и очекувањата за четвртиот квартал се дека таа блага позитивна динамика е задржана. Така што, очекувањето ми е дека ќе завршиме над 2% за целата година, но не значајно над таа бројка, вели Петрески. 

Во однос на фискалната политика и за мерките на Владата во фискалната стратегија за 2025-2029 планира јавен долг од 66,4 %, професорот Марјан Петрески, вели дека  клучно е фискално да се дисциплинираме.

- Ние сме фискално недисциплинирани. Имавме периоди на кризи кога долгот мораше да расте за да спасуваме доходи и работни места, меѓутоа имавме и периоди кога можевме да го изградиме фискалниот простор, но тоа не го правевме. Сега сме во ситуација на истрошен фискален простор, оперираме на психолошката граница на јавен долг од БДП од 60%, кој изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ предвидуваше дека ќе го задржи односно нема значајно да го зголемува. Но, сега таа бројка ќе отиде над 60% следната година и е отворено прашање дали и кога ќе видиме „прекршување“. Не сум особен оптимист по тоа прашање, особено бидејќи ниедна Влада не успеа да направи видлива и истрајна рационализација на расходната страна, особено во сегментите кои се „сива зона“ за јавните финансии, и кои оптимално може да обезбедат фискален простор за понизок буџетски дефицит или за попродуктивно инвестирање на јавните пари, изјави Марјан Петрески во разговор за „Локално“.

Целото интервју може да го прочитате на следниот ЛИНК

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано