Економија
Граѓаните на Солун ќе добијат метро на 30 ноември
24.10.2024г.
Според министерот за инфраструктура и транспорт на соседна Грција, г. Христос Стаикурас, долгоочекуваната мрежа на метрото во Солун конечно ќе биде отворена на 30 ноември. Тој го објави датумот на Форумот за поврзување на Југоисточна Европа II, истакнувајќи дека ги поканил министрите за транспорт на ЕУ да присуствуваат на отворањето.
Стаикурас ја истакна важноста на проектот за северна Грција и потврди дека веќе се во тек планови за проширување на метрото до областа Каламарија, објави грчки Екатимерини.
Во обраќањето тој, исто така ги повтори плановите за лансирање на нова национална железничка компанија до крајот на 2024 година.
фото freepic