Економија

ММФ: ЛАНИ ЦРНА ГОРА СО РАСТ ОД 6 ОТСТО, ГОДИНАВА СО 3,7 ОТСТО

Меѓународниот монетарен фонд во новите прогнози за годинава предвидува раст на економијта на Црна Гора од 3,7 отсто. Во објавените октомвриски прогнози за следната година е планиран раст од 3,7 отсто, што е за 0,7 процентен поен повеќе во однос на пролетната прогноза.

Црногорската економија според процените на ММФ минатата година пораснала за шест отсто.

Според податоците на ММФ, инфлацијата во ЦГ годинава изнесува 4,2 отсто и во наредната ќе биде 3,7 отсто, пренесе РТЦГ.  


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО