Економија

ОД 2026 ГОДИНА СТРУЈАТА ВО БИХ ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ ПОСКАПИ ПОРАДИ ТЕРМОЕЛЕКТРАНИТЕ

Струјата во Босна и Херцеговина во 2026 година може да поскапе значително поради примената на механизмот на Европската Унија за плаќање на прегугранична давачка на извоз на јаглерод кој настанува со согорување на јагленот во термоелектраните, предупредуваат енергетичарите од БиХ

Европската Унија за земјите кои не се членки и кои извезуваат производи на европскиот пазар, воведе механизам за јаглеродно гранично прилагодување (CBAM).  На овој начин се обидува да ги принуди земјите да престанат со производство на електрична енергија од фосилни горива и да се преориентираат на обновливи извори на енергија.  Со овој механизам се опфатени: производите од цемент, алуминиумот, вештачко ѓубриво, производството на електична енергија, железо и челик.

Претседателот на Стопанската комора на Бања Лука Горан Рациќ изјави дека БиХ од 2026 година ќе мора да плаќа давачка во висина од 60 до 100 евра по тон јаглерод диоксид. Тој апелираше на предвремени подготовки за да спречи ударот на економијата на БиХ, која нема да биде конкурентна по поскапување на струјата.

Претходно од трговската комора на БиХ  излегоа со процени дека земјата може да изгуби повеќе од 250 милиони евра за една година, доколку земјата не се приклучи на системот за плаќање на прекугранично прилагодување  на извоз на јаглерод.

Босна и Херцеговина најголемиот дел од струјата ја добива од термоелектраните на јаглен. Од вкупно 17 терават часови електрична енергија 10 терават часови се произведуваат од термоелектраните, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано