Економија

ТРЕТИНА ОД ИТАЛИЈАНСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ПРИМААТ НИСКИ ПЕНЗИИ

Во 2023 година третина од италијанските пензионери или 4,8 милиони луѓе примаат државни пензии под 1.000 евра.  Во оваа група се и 1,6 милиони луѓе кои примале помалку од 500 евра месечно, објави „Анса“.  

Италија е една од земјите во Европската Унија со висок јавен долг кој во август пораснал за 11,9 милијарди евра во однос на јули и достигна ниво од 2,9 билиони, соопшти Банката на Италија.

Централната банка соопшти дека даночните приходи во август изнесувале 62,4 милијарди евра и се повисоки за 7,4 милијарди  во однос на истиот месец во 2023 година.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО