Економија

ПОТРОШУВАЧИТЕ ВО ЕВРОЗОНАТА СЕ ПООПТИМИСТИ ЗА ИНФЛАТОРНИТЕ ОЧЕКУВАЊА

Потрошувачите во еврозоната очекуваат дека просечната инфлација во наредните 12 месеци ќе изнесува 2,4 отсто. Со ова инфлаторните очекувања на граѓаните се на најниско ниво од септември 2021 година, се наведува во заклучокот на истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ).

Потрошувачите во еврозоната очекуваат економскиот пад во наредните 12 месеци да изнесува 0,9 отсто. Анкетираните граѓани сметаат дека нивниот номинален приход следната година ќе порасне за 1,3 отсто, што е помалку од стапката на растот на инфлацијата.

Во онлајн истражувањето биле вклучени околу 19.000 возрасни потрошувачи од 11 земји во еврозоната, а тоа се: Белгија, Германија, Шпанија, Франција, Италија, Холандија, Ирска, Грција, Австрија, Португалија и Финска, пренесува „Капитал.ба“.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано