Економија

ВО ЕУ СКЛАДИШТАТА СО ГАС ПОЛНИ, А ЦЕНАТА НА ГАСОТ НА НАЈВИСОКО НИВО

Цените на гасот во Европа го достигнаа своето највисоко ниво поради дополнителните геополитички ризици. Поскапувањето се случи и покрај тоа што складиштата за гас во ЕУ се речиси полни.

Цената на TTF (Title Transfer Facility), европскиот референтен показател, порасна во петокот за 1,9 отсто на 42,98 евра за мегават час, што е највисока цена од почетокот на декември минатата година.

Од 18 октомври, залихите на природен гас се зголемени за 2,3 отсто во однос на минатата година и 4,6 отсто над сезонскиот просек од пет години, што укажува на големи залихи на природен гас. Во Европа, складиштата за гас беа полни 95 отсто до 22 октомври, што е над петгодишниот сезонски просек од 92 отсто за овој период од годината.

Аналитичарите велат дека непланираните прекини на протокот на гас од Норвешка, која е најголемиот снабдувач на природен гас за Европа, како и геополитичките ризици, вклучително и конфликтите на Блискиот Исток, се главните фактори кои влијаат на растот на цената на гасот, пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО