Економија
ХРВАТСКА ЕКОНОМСКИ СЕ РЕГИОНАЛИЗИРА, СЛАВОНИЈА СТАНУВА СЕ ПОСИРОМАШНА
26.10.2024
Со влегувањето на Хрватска во Европската Унија економијата во оваа земја се повеќе регионално се фрагментираше и специјализираше. Приморските жупании се ориентираа кон развојот на туризмот и услугите. Градот Загреб за информатика, финансии и администрација. Околината на Загреб и северните жупании се индустријализираа, а Славонија се специјализира на прехранбената индустрија и земјоделството.
Во регионализацијата на хрватската економија најлошо помина Славонија, каде прехранбената индустрија учествува со најголем дел во регионалниот БДП. Регионот не успева да постигне забележителен раст, извозот и продуктивноста се слаби, иако се доделуваат милијарди евра државни субвенции.
Славонија сериозно заостанува во однос на другите хрватски региони, младите масовно емигрираат по влегувањето на Хрватска во ЕУ, училиштата се затвораат и има многу празни згради. Според некои економски показатели Славонија заостанува и од Србија. Околу 31 отсто од населението во панонската Хрватска се соочуваат со сиромаштија или се во ризик од сиромаштија, што е над просекот во другите региони во земјата, пишува Индекс.хр.