Економија

СВЕТОТ Е ПРЕД НОВА „ТИВКА РЕВОЛУЦИЈА“, прогноза на челникот на Светска банка

Во светот во тек е „тивка револуција“ со доаѓањето на нови 1,2 милијарди млади луѓе на пазарот на труд, но нивните земји ќе можат да создадат само 420 милиони работни места, изјави директорот на Светската банка Аџеј Банга, на пленарната седница на годишниот состанок на ММФ и Светската банка во Вашингтон.

Без подготвен план за вработување на 800 милиони луѓе остварувањето на ваквото сценарио ќе го дестабилизира целото општество и ќе го отежне економскиот раст,

- Сериозноста на овој предизвик едноставно не може да се процени, посочи Банга.

Сепак, тој изрази оптимизaм во однос на иднината и постети на бројните проекти на Светската банка за подобрување на состојбата на пазарот на трудот, како што се економското зајакнување на жените и електрификацијата на Африка, пренесе српскиот весник „Дневник“.

Во своето излагање Банга посочил и на улогата на Светската банка, која станала побрза во одговорите на потребите на земјите членки. Во следните десет години на светот ќе му треба 60 отсто повеќе храна за околу десет милијарди луѓе, изјавил тој и најави зајакнување на програмите за земјоделското производство во светот.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО