Економија
Мицкоски: Не очекувам покачување на цената на струјата за домаќинствата
28.10.2024
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува поскапување на струјата за домаќинствата во јануари.
- Не очекувам да има зголемување на цената на струјата за домаќинствата овој јануари. Не очекувам. Од она кое што можам да го заклучам е дека навремено се снабдуваат граѓаните со сите количини на електрична енергија и ќе продолжиме така да ги снабдуваме. Така што, барем од онаа информација со која што јас располагам не очекувам да има покачување на цената на струјата за домаќинствата, рече Мицкоски, по увидот во работите за изградба на автопатот Гостивар Букојчани, oдговарајќи на новинарско прашање Мицкоски рече дека ќе продолжи навременото снабдување со електрична енергија.
фото freepic