Економија

ПОВИСОКИОТ ДАНОК ГО СПРЕЧИ ПАДОТ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА И ГАСОТ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА ВО ЕУ

Зголемувањето на данокот го спречува намалувањето на цената на гасот и ги зголемува трошоците за домаќинствата во Европската Унија. Во првата половина на 2024 година просечната цена на електрична енергија за домаќинствата во ЕУ изнесувала 28,9 евра за 100 киловат часови (kWh), што претставува благо зголемување во однос на 28,3 евра од втората половина на 2023 година.

Иако имаше намалување за два отсто на трошоците на енергијата, за дистрибуција и мрежни услуги, вкупните цени се зголемија поради одлуките на владите да ги намалат субвенциите, надоместоците и даночните олеснувања за потрошувачите.  

Просечната цена на гасот се намали за седум отсто во споредба со првата половина на 2023 година, од 11,9 евра за 100 kWh  на 11 евра 100 kWh. Меѓутоа, учеството на данокот во сметките за струјата во првата половина на 2024 година на меѓугодишно ниво се зголеми од 18,5 на 24,3 отсто, а во сметката на гасот  се зголеми од 22,8 на 27,4 отсто.

Највисоки цени на струјата за домаќинствата  во порвите шест месеци годинава се регистрирани во Германија со 39,5 евра, во Ирска со 37,4 евра и во Данска за 37,1 отсто за 100  kWh. Најниска цена за електрична енергија плаќале домаќинствата во Унгарија односно 10,9 евра, во Бугарија со 11,9 евра и во Малта со 12,6 евра, пренесува „Политика“.


фото freepic  

 

ПРЕПОРАЧАНО