Економија

БУГАРИЈА СО НАЈНИСКА БРУТО МИНИМАЛНА ПЛАТА ВО ЕУ

Најновите податоци на Европската конфедерација на синдикати покажуваат значителни разлики во висината  на бруто минималната плата меѓу земјите од Европската Унија.

На врвот на листата со највисоки бруто минимални плати се Луксембург (2.571 евра),  Германија (2.151 eевра), Холандија  (2.183 евра) и Ирска (2.146 евра).

Во Франција има минимална плата од 1.767 евра, во Шпанија изнесува  1.323 евра.

Минималната плата во Хрватска изнесува 840 евра бруто плата, во Словенија е 1.254 евра, во Грција 2.146 евра, Романија 743 евра, Унгарија со 699 евра.

Најниска бруто минимална плата во Европската Унија има во Бугарија со 477 евра, пренесува Н1.   


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО