Економија

ЕВРОЗОНАТА СО НАЈВИСОК КВАРТАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАСТ

Економијата на еврозоната во третото  тромесечие во 2024 година пораснала за 0,4 отсто во однос на вториот квартал, што претставува највисока стапка на раст во последните две години, покажуваат прелиминарните процени објавени денеска од Евростат.

На меѓугодишно ниво економијата на еврозоната пораснала за 0,9 отсто во однос на третиот квартал минатата година.

Во Европската Унија во третиот квартал 2024 година е забележан раст на економијата за 0,3 отсто и меѓугодишен раст од 0,9 отсто, пренесува „Танјуг“.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО