Економија
НАМАЛУВАЊЕ НА ПРОСЕЧНИТЕ ЦЕНИ НА ГАСОТ ВО ЕУ, ВО ГРЦИЈА „ПАДОТ“ Е НАД 30 ОТСТО
30.10.2024
Просечната цена на гасот во земјите од Европската Унија се намали за седум отсто и изнесува 11 евра за 100 киловат часови. Во 2023 година цената на гасот изнесуваше 11,9 евра.
Цените на гасот се пониски за два отсто во однос на втората половина на 2023 година, објави Евростат.
Во периодот меѓу првата половина од 2023 година со истиот период во 2024 година цената на гасот за домаќинствата, со вклучен данок, е намалена во 15 од 24 земји во ЕУ.
Цените на гасот, искажани во националните валути, најмногу се намалени во Литванија за 60 отсто, во Грција за 39 отсто и во Естонија 37 отсто.
Во Италија цените на гасот забележале раст од 16 отсто, во Франција за 13 отсто и во Романија за седум отсто, пренесува „Политика“.
фото freepic