Економија

ПЛАТИТЕ МЕЃУ МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА СЕ НАМАЛУВААТ СО „БРЗИНА НА ПОЛЖАВ“

Најновите податоци за платите во Велика Британија покажуваат дека се намалува разликата во приходите меѓу мажите и жените. Според ОНС, разликата во платите во април годинава меѓу половите е седум отсто во однос на 7,5 отсто во 2023 година.

Во изминатата деценија разликата во платите се намалила за речиси четвртина. Мажите во Британија кои работат полно работно време е без прекувремена работа заработуваат 19,24 фунти на час, додека жените заработуваат 17,88 фунти, објави агенцијата ДПА.

Просечната работничка во Велика Британија секоја година заработува 93 отсто од просечната плата на мажите.

Разликата во платите годинава се намалила на 13,1 отсто од пред една година претходно кога изнесувала 14,1 отсто. Оваа разлика произлегува од поголемото учество на жените кои се вработени на скратено работно време.

Разликите во платите меѓу половите е поизразена кај лицата со поголеми месечни приходи. Видливи разлики има и меѓу постарите работници над 40 години во однос на помладите работници.

-  Разликите во платите се намалуваат со брзина на полжав. Со ова темпо ќе бидат потребни 16 години за да се изедначат платите меѓу мажите и жените, изјави Пол Новак, главниот секретар на Конгресот на синдикати.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО