Економија

РЕКОРДНО ПРОИЗВОДСТВО НА НАФТА ВО САД

Цените на нафтата на светските берзи минатата недела се намалија, по рекордното производство на „црното злато“ во САД и растот на големите економии кој беше под очекуваните проекции. Цената на барелот на лондонската берза се намали за 2,6 отсто во однос на претходната недела и достигна ниво од 73,10 долaри за барел, додека барелот на американската нафта поевтини за 3,1 отсто и таа се продаваше по цена од 69,49 долари.

Најголемите американски компании за производство на нафта објавија дека минатата недела имале најголемо производство. Американската Управа за енергетски информации (ЕИА) објави дека производството на нафта во август достигнала рекордни 13,4 милиони барели  дневно. Со ова годишното производство во 2024 може да достигне рекордни 13,2 милиони барели, а во 2025 година ќе порасне на 13,5 милиони барели дневно.

Вчера  од ОПЕК+ порачаа дека ќе го одложат зголемувањето на производството за еден месец, со намера да ја задржи сегашната цена на нафтата на светскиот пазар, објави „Индекс.хр“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО