Економија

САД СО НАЈГОЛЕМ ТРГОВСКИ ДЕФИЦИТ, ПАД НА ИЗВОЗОТ НА ЦИВИЛНИ АВИОНИ

Надворешно трговскиот дефицит на САД се зголеми во септември за 19,2 отсто на месечно ниво, на 84,4 милијарди долари, што е најголем износ од почетокот на 2022 година, објави денеска американското Министерство за трговија.

Растот на дефицитот беше значително поголем од очекувањата на аналитичарите, пренесува француската новинска агенција АФП.

Во септември увозот пораснал за 10,3 милијарди долари или за три отсто  и достигна 352,3 милијарди долари. Овој раст главно е поттикнат од увозот на производите за широка потрошувачка, компјутерите и полупроводниците.

Извозот во септември е намален за 3,2 милијарди долари или за 1,2 отсто помалку во однос на август. Вредноста на извозот  изнесуваше 267,9 милијарди долари. Падот на извозот е  резултат на намалениот извоз на цивилни авиони и фармацевтски препарати.

Надворешно трговскиот дефицит на САД во август изнесува 70,8 милијарди долари, покажуваат ревидираните податоци на Министерството.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО