Економија

САУДИСКА АРАБИЈА ГИ НАМАЛУВА ИСПОРАКИТЕ НА НАФТА ЗА КИНА

Саудиска Арабија во декември ќе ги намали испораките на нафта за Кина поради слабата побарувачка од кинеските компании, пренесува „Ројтерс“ повикувајќи се на анономни извори.  Процените се дека испораките следниот месец ќе изнесуваат 36,5 милиони барели дневно, што претставува пад во однос на ноември, кога се очекува да достигнат 37,5 милиони барели. Во октомври испораките на нафта за Кина изнесувале 46 милиони барели.

Нафтениот гигант од Саудиска Арабија минатата недела ја намали цената на својата нафта за декември за азиските берзи.

Организацијата на земјите извозници на нафта (ОПЕК) во својот октомвриски месечен извештај  ја намали прогнозата за глобалниопт раст за побарувачката за нафта во 2024 година.  Очекувањата на ОПЕК се дека глобалната потрошувачка на нафта годинава ќе порасне за 1,93 милиони барели дневно (бпд), а тоа е намалување за два милиони бпд во однос на септемвриската процена, пренесува „Еуроњуз“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО