Економија
Албанија ќе вложи најголем износ во патната инфраструктура
11.11.2024
Албанската влада следната година планира да потроши 1,6 милијарди евра за проекти од областа на инфраструктурата. Инвестициите вклучуваат проширување на автопатот Тирана-Драч, коридорот 8, реконструкција и изградба на новото пристаниште во Порто Романо.
Според буџетот за 2025 година, зголемено внимание ќе добијат јавните инвестиции во инфраструктура, патишта, железници и други програми, со зголемување од 100 милиони евра во однос на оваа година. Во оваа сума е вклучен и фондот за реконструкција оштетени објекти од катастрофалниот земјотрес, што земјата ја погоди во 2019 година, процес кој сè уште не е завршен.
Се очекува вкупните расходи да достигнат 6,2% од Бруто домашниот производ (БДП), што ќе бележи рекордно ниво во споредба со претходните години.
Проектите кои се очекува да се финансираат од овој буџет вклучуваат проширување на автопатите Тирана-Драч и Елбасан-граничен премин Ќафасан, на албанско-македонската граница, почеток на работите за обиколницата Елбасан и сегментот Елбасан-Лекај. Исто така, планирано е да започне изградбата на новото пристаниште во Порто Романо, што е долгорочен проект и се очекува да трае и по 2025 година.
Албанската влада за следната година планира историски највисок буџет, проектиран на 822,7 милијарди лека или 8,2 милијарди евра, што е за 600 милиони евра повисок во однос на оваа календарска година.
Извор МИА