Економија

ВО ЕУ СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИ СО СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ

Учеството на работниците со скратено работно време во Европската Унија се зголеми од 16,9 отсто во 2022 година на 17, 1 отсто во 2023, објави Евростат.

Минатата година беше прекинат трендот на намалувањето на делот на работниците со кратено работно време, кој беше изразен во последната деценија. Во 2014 година бројот на работници со скратено работно време изнесуваше 19,1 отсто.

Околу осум отсто од вработените мажи работат со скратено работно време, а кај жените учеството е намалено од 31,8 отсто во 2014 година на 27,9 отсто во 2023 година.  

Во 2023 година, во Европската Унија  една третина или 31,8 отсто од вработените жени (со деца) на возраст од 25 до 54 години биле ангажирани на работа се неполно работно време. Овој процент за жените без деца изнесува 20 отсто, пренесува РТВ.  


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО