Економија

КОЛКУ ИЗНЕСУВААТ МИНИМАЛНИТЕ ПЛАТИ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД СВЕТОТ?

Минималната плата е најмалиот месечен износ загарантиран со закон  што работодавачите  го исплаќаат на вработените лица на неопределено време. Цената се одредува врз основа на времето поминато на работното место, како и врз основа на даноците и придонесите кои се исплатуваат на месечната плата. Минималната плата е различна во земјите од различните континенти, но според економската теорија  таа треба да обезбеди покривање на основните животни трошоци на работниците.

„Нова економија“ направи преглед на миниминалните плати по одделни земји во светот. Според Евростат  Луксембург има највисока минимална плата од 2.570 евра. Во Ирска е 2.146 евра, во Холандија 2.134 евра.

Од 28 земји членки на ЕУ, шест земји немаат законски пропишана минимална плата. Тоа се: Финска, Данска, Австрија, Италија, Шведска и Кипар.

Во Франција минималната плата изнесува 1.766 евра , во Шпанија 1.253 евра, Словенија 1.235 евра  и Кипар со 1.000 евра.

Во Србија минималната бруто плата е 544 евра, во Црна Гора со 532 евра и Турција со 568 евра. Во Хрватска е 840 евра, Грција 968 евра и Романија со 743 евра. Албанија со 348 евра и Бугарија со 477 евра.

Во светот најголема минимална плата има Австралија со 2.396 евра и во Нов Зеланд со 2.281 евра.

Во Азија најголем минималец има во Израел со 1.450 евра и во Иран со 1.188 евра, во Јапонија е 1.016 евра. Во Кина минималната плата е 347 евра, во Русија 180 евра и во Катар 242 евра.

Во Јужна Америка најголема минимална плата има во Костарика  од 667 евра.

Најниски минимални плати има во Шри Ланка со 60 евра месечно. Во Африка највисока минимална плата има во Мароко од 276 евра, пренесува „Нова економија“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО