Минатата година повеќе од 40 отсто од светската електрична енергија е произведена од чисти извори, што е најголемо производство од 1940-тите, објавија од истражувачкиот центар „Ембер“.
Хидроенергијата се уште е на прво место, но за овој рекорд најмногу придонесе големиот раст на соларните капацитети. Сончевата енергија е најбрзо растечки извор на енергија во светот во последните 20 години.
- Соларната енергија стана мотор на глобалната енергетска транзиција. Заедно со батериите за складирање енергија, ќе стане „незапирлива сила“, изјави Фил Мекдоналд, главниот извршен директор на „Ембер“
Учеството на сончевата енергија во производството на електрична енергија е 7 отсто, енергијата на ветерот 8 отсто, нуклеарната енергија 9 отсто, хидроенергијата 14 отсто и другите обновливи извори со 3 отсто.
Европската Унија е многу над глобалниот просек, со 71 отсто од електричната енергија што доаѓа од чисти извори, вклучувајќи ја и нуклеарната енергија. Околу 18 отсто од електричната енергија во ЕУ се произведуваше од енергијата на ветерот, а 11 отсто од сончевата енергија, што за прв пат го надмина производството од јаглен, кој учествува со помалку од 10 отсто, пренесува Данас.