Економија
Најниската минимална плата во ЕУ е во Бугарија
10.04.2025
Најниската минимална плата во јануари во Европската Унија е забележана во Бугарија од 551 евро, а највисоката во Луксембург од 2.638 евра, е заклучокот од истражувањето објавено денес од Евростат.
Минималната плата на национално ниво е законски утврдена во 22 од 27-те земји на Европската Унија, со исклучоци како Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска.
Според податоците за јануари, во 10 земји од ЕУ е регистрирана минимална плата помала од 1.000 евра месечно.
Покрај Бугарија, тоа се Унгарија 707 евра, Латвија 740 евра, Романија 814 евра, Словачка 816 евра, Чешка 826 евра, Естонија 886 евра, Малта 961 евро, Грција 968 евра и Хрватска 970 евра.
Во следната категорија, минималните плати се движат помеѓу 1.000 и 1.500 евра месечно, се Кипар 1.000 евра, Португалија 1.015 евра, Литванија 1.038 евра, Полска 1.091 евра, Словенија 1.278 евра и Шпанија 1.381 евра.
Земјите со минимум повеќе од 1.500 евра месечно се Франција 1.802 евра, Белгија 2.070 евра, Германија 2.161 евра, Холандија 2.193 евра, Ирска 2.282 евра и во Луксембург.
Податоците покажуваат дека највисоката минимална плата во земјите од ЕУ била 4,8 пати повисока од најниската.
Ако се примену вештачката валутна единица PPS што ги елиминира разликите во општите нивоа на цени во земјите од ЕУ, заклучуваме дека минималните плати се движеле од 878 PPS месечно во Естонија до 1.992 PPS во Германија, што значи дека највисоката минимална плата во земјите од ЕУ е 2,3 пати повисока од најниската, пренесува Политика.
фото freepic