Економија
„СЛАБЕЕ“ БРАНОТ НА СТЕЧАИ ВО ГЕРМАНИЈА
12.04.2025
Бранот на банкротирање во Германија се намали во март, a компаниите во секторите за складирање и транспорт поднеле најмногу барања за стечај. Бројот на барања за поведување стечајна постапка во најголемата европска економија се зголеми за 5,7 проценти во март во споредба со истиот период минатата година. Во февруари, бројот на барања за стечаи се зголеми 12,1 отсто, соопштија од Дестатис.
Германските економски институти во четврток ги намалија своите прогнози за економски раст за 2025 година од 0,8 на 0,1 процент, земајќи ги предвид првичните американски царини за челик, алуминиум и автомобили.
Германија, која е силно ориентирана кон извоз, е единствената во Групата седум (Г7) чија економија бележи пад во последните две години.
Тарифите што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп, би можеле дополнително да влијаат врз најголемата економија во Европа. Ова би можело да ја доведе Германија во ситуација каде што ќе биде во рецесија трета година по ред, што би било прв пат по Втората светска војна, пренесува Пословни дневник.
фото freepic