Економија

СТО ПРЕДВИДУВА НАМАЛУВАЊЕ НА ГЛОБАЛНИОТ РАСТ ПОРАДИ ЦАРИНСКАТА ВОЈНА

Царините на Доналд Трамп ќе ја нарушат меѓународната трговија оваа година, намалувајќи го глобалниот економски раст, предупреди Светската трговска организација.

Како резултат на трговската политика на Вашингтон, сега се предвидува намалување на светската трговија за 0,2 отсто, соопшти СТО во својот последен извештај.  Генералната директорка на СТО, Нгози Оконџо-Ивеала, очекува трговијата меѓу САД и Кина  да се намали за 81-91 отсто, без исклучоци за технолошки производи како што се паметните телефони. Според неа, ваквата состојба е „еднакво на раздвојување на двете економии“ и дека би имало „далекусежни последици“.

СТО ги испитува своите земји-членки дали да се свика итен состанок за да се разговара за ситуацијата.

„Перспективите за глобалната трговија нагло се влошија поради зголемувањето на царините и неизвесноста во трговската политика“, се наведува во извештајот на СТО.

Претходно беше предвиден раст на глобалниот БДП од 2,8 отсто за 2025 година, но сега се очекува послаб раст од 2,2 отсто, пренесува Блиц.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО