Економија

ФЕВРУАРСКАТА НЕТО ПЛАТАТА ВО ХРВАТСКА Е НАД 1.400 ЕВРА

Просечната месечна нето плата во Хрватска  за февруари годинава изнесувала 1.416 евра, што е реален раст за 9,5 отсто, а номиналниот раст  е за 13,5 отсто во однос на истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Највисока просечна месечна нето плата е исплатена во производството на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, 3.624 евра, а најниска во производството на облека, 920 евра.

Медијалната нето плата за февруари изнесувала 1.175 евра.

Просечната месечна бруто плата по вработен кај правните лица за февруари изнесуваше 1.964 евра и на годишна основа, просечната бруто плата номинално беше повисока за 14,9 отсто, а реално за 10,8 отсто.

Највисоката просечна месечна бруто плата за февруари 2025 година била во производството на фармацевтски производи, 5.741 евра, а најниската во производството на облека, 1.203 евра, пренесува Индекс.хр.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО