Економија

БиХ ОД ИЗВОЗНИК СТАНУВА УВОЗНИК НА СТРУЈА

Увозот на електрична енергија во Босна и Херцеговина скокна за речиси 600 проценти за една година, покажуваат податоците на Агенцијата за статистика на БиХ.

Во првиот квартал од минатата година е увезена електрична енергија во износ од 33,71 милиони КМ, додека во истиот период од оваа година увозот на електрична енергија изнесувал дури 235,39 милиони КМ.

За една година увозот пораснал за дури 598,2 проценти.

Босна и Херцеговина од најголем извозник на електрична енергија стана голем увозник.

Во првиот квартал од оваа година, извозот на електрична енергија  се зголеми за 24,5 проценти.

Во првиот квартал од минатата година, извозот на електрична енергија изнесуваше 171,86 милиони КМ, а во истиот период годинава е 213,97 милиони КМ.

Едхем Бичакчиќ, претседател на Регионалната филијала на Меѓународниот совет за големи електроенергетски системи (SEERC) и експерт за енергетика, за „Независне новине“ изјави дека ова се поразителни податоци.

- Ова е првенствено резултат на намалувањето на производството на јаглен и недостатокот на јаглен за производство на електрична енергија. Исто така, на ова влијаеше и лошата хидрологија во првите два месеци од оваа година. Прераното напуштање на јагленот нè доведе до оваа ситуација. Нашата администрација не е подготвена за енергетска транзиција, објаснува Бичакчиќ, пренесува Н1.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО