Економија
Индустриските производи на домашниот пазар во март поскапеле за 6,3 отсто
28.04.2025
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во март годинава во однос на претходниот месец останале непроменети, а во однос на март лани се зголемени за 6,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во март во однос на февруари цените се зголемени за 0,2 проценти во групите Интермедијарни производи и Капитални производи, а се намалени во групите Енергија за 0,2 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 1,4 проценти.
ДЗС евидентира дека во март годинава во однос на март минатата година цените се зголемени во групите Енергија за 17,5 проценти, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,4 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 4,5 проценти.
фото freepic