Економија

ПРВИ СИГНАЛИ ЗА НАМАЛЕНА ПРОИЗВОДСТВЕНА АКТИВНОСТ ВО КИНА ПО ЦАРИНСКАТА ВОЈНА СО САД

Производствената активност во Кина се намали во април најмногу од 2023 година, според официјалните истражувања, што е почетен сигнал за економското влијание на трговската војна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Официјалниот индекс на менаџери за набавки во производството достигна 49, што е најниско ниво од декември 2023 година. Податоците го опфаќаат период на заострување на  царинскиот спор меѓу САД и Кина.

Националното биро за статистика на Кина соопшти дека падот на производствената активност е предизвикан од високата база на споредба и „острите промени во надворешното опкружување“.

Економистите ги намалија своите прогнози за раст за втората по големина економија во светот, која се бори со продолжено забавување на пазарот на недвижности за  домување, а многумина очекуваат владата да ги зголеми стимулациите како одговор на притисоците од трговската војна.

Пекинг постави цел за раст на БДП од околу 5 проценти за 2025 година, пренесува Свијет.хр.

„Сосиете женерал“ проценува дека кинескиот извоз во САД ќе падне за 70 проценти, што според нив претставува „негативен директен шок“ од 2 проценти од БДП, додека „Номура“ очекува пад од 50 проценти на американскиот извоз да го погоди БДП за околу 1,1 процент и да доведе до губење на работни места.


фото freepic  

 

ПРЕПОРАЧАНО