Економија
ПАД НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ГОДИНАВА
30.04.2025
Бруто домашниот производ (БДП) на САД се намали за 0,3% во првиот квартал од 2025 година, според прелиминарните податоци од Бирото за економски анализи (BEA). Ова е прво намалување на економските активности на САД за три години,.
Ова претставува остар пад по растот од 2,4 проценти на годишна основа во претходниот квартал (октомври до декември 2024 година), иако падот на бруто домашниот производ не е толку голем како што предвидуваа некои аналитичари.
Забавувањето на економската активност беше под влијание на скокот на увозните цени. Увозот придонесе за намалување од пет процентни поени на економскиот раст во првиот квартал. Индивидуалната потрошувачка драстично се намали, додека државната потрошувачка се намали за 5,1 процент.
Сепак, деловните инвестиции се зголемија за 21,9 проценти бидејќи компаниите инвестираа во опрема, пренесува Данас.
фото freepic