Економија

СРБИЈА СО РАСТ ОД 2 ОТСТО, ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА ИЗБЕГНАА РЕЦЕСИЈА

Српската економија порасна за два проценти во првиот квартал од 2025 година во споредба со истиот период од претходната година изнесуваше два проценти, објави Републичкиот завод за статистика во својата прелиминарна проценка.

За споредба, растот на БДП на Србија во последниот квартал од минатата година изнесуваше 3,3 проценти.

Податоците на Евростат покажуваат дека растот на БДП на еврозоната во првите три месеци од 2025 година изнесувал само 0,4 проценти, а дека Франција и Германија за малку избегнале рецесија.

Официјалната пресметка на кварталниот БДП за првиот квартал од оваа година, која е подетална и извршена на пониски нивоа на агрегација, ќе биде објавена во соопштение за медиумите на 2 јуни 2025 година, пренесува Бизнис.рс.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО