Економија

ТРАМП ГО ОБВИНУВА БАЈДЕН ЗА ПАДОТ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА

Претседателот на САД Доналд Трамп го обвини неговиот претходник Џо Бајден за падот на американскиот БДП во првиот квартал од 2025 година.

Американскиот претседател Доналд Трамп денес оцени дека забавувањето на американската економска активност е резултат на она што останало од неговиот претходник Џо Бајден и дека „нема никаква врска со царините“ што ги воведе за голем број земји.

- Нашата земја ќе забрза економски, но прво треба да се ослободиме од наследството на Џо Бајден. Ќе потрае некое време, а тоа нема никаква врска со царините, туку само се работеше за фактот дека тој ни остави лоша статистика, напиша американскиот претседател на својата социјална мрежа True Social, пренесува Бета.

Трамп ги повика своите сонародници на „трпение“.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО