Економија

ОПЕК+ ЌЕ ГО ЗГОЛЕМИ ПРОИЗВОДСТВОТО НА НАФТА ОД ЈУНИ

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК+) се согласи на уште едно зголемување на производството на нафта следниот месец, што претставува зголемување на понудата втор месец по ред, објави „Блумберг“.

Клучните земји предводени од Саудиска Арабија и Русија се согласија да го зголемат дневното производство за 411.000 барели од следниот месец, изјавија неименувани делегати.

Делегатите на ОПЕК+ рекоа дека промената во стратегијата се случила затоа што Ријад  одлучил „финансиски да ги казни“ членовите како Казахстан и Ирак, бидејќи нивното прекумерно производство на нафта предизвикало пад на цените.

Ријад се стреми да ги зајакне врските со американскиот претседател Доналд Трамп, кој ќе го посети Блискиот Исток овој месец и ја повика Организацијата на земјите извознички на нафта да ги намали трошоците за гориво.

На лондонскиот пазар цените на нафтата се движи близу 61 долар, пренесува Политика.

ПРЕПОРАЧАНО