Економија

ХРВАТСКА ВОВЕДУВА ПЕНЗИСКИ РЕФОРМИ И 13-ТА ПЕНЗИЈА

Хрватскиот министерот за пензиски систем  Марин Пилетиќ  објави нова формула за прилагодување на пензиите и почеток на исплата на годишен додаток на пензија, таканаречена 13-та пензија.

Со пошироката реформа се предвидуваат дополнителните мерки како што се една година дополнителен стаж по дете и зголемени бонуси за сите оние кои ќе одлучат да останат на пазарот на трудот дури и откако ќе ги исполнат условите за старосна пензија.

Владата на Хрватска во соработка со локалната и регионалната самоуправа, гради, надградува и опремува 18 центри за стари лица ни земјата, кои ќе обезбедат вонинституционални услуги за повеќе од 4,5 илјади корисници, како и проширување на мрежата на вонинституционални услуги како што се домашна помош, полудневен или целодневен престој и психосоцијална поддршка.

Сместување во домовите ќе биде обезбедено и за повеќе од 1.800 корисници на кои им е потребна интензивна, 24-часовна нега, пренесува Пословни дневник.


фото freepic   

 

ПРЕПОРАЧАНО