Економија
ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ИРСКА СО РАСТ ОД НАД 10 ОТСТО НА БДП
16.05.2025
Во првите три месеци од оваа година, економијата на еврозоната и на Европската Унија оствари стабилен раст на активноста, покажуваат првите проценки на Европскиот завод за статистика.
Економијата на еврозоната порасна во првиот квартал од годинава за 1,2 проценти во споредба со истиот период минатата година. Според податоците достапни на Евростат, бруто домашниот производ (БДП) на Ирска порасна најсилно во првиот квартал од оваа година, за 10,9 проценти.
Следува Полска, со раст на економската активност од 3,8 проценти. Литванија и Бугарија се со раст на БДП од 3,2 проценти и 3,1 процент, како и Кипар, каде што економската активноста се зголеми за три проценти во споредба со првиот квартал од минатата година.
Словенечката економија ослабе за 0,8 проценти, австриската економија за 0,7 проценти и унгарската економија за 0,4 проценти.
Германија, најголемата европска економија, забележа пад на активноста за 0,2 проценти во споредба со првиот квартал од минатата година.
Според достапните податоци на Евростат, економската активност се намалила во три земји на квартална основа, а најмногу во Словенија, за 0,8 проценти. Потоа следат Португалија и Унгарија, со пад на БДП од 0,5 проценти и 0,2 проценти, пренесува Бизнис.рс.
фото freepic