Економија

Бугарија стана најголем увозник на турски гас

Турција значително го зголеми извозот на природен гас, што се должи од развојот на гасното поле Сакарија во Црното Море, објави БГНЕС.

Според најновите податоци од јануари до август 2024 година, Турција извезла вкупно 1,18 милијарди кубни метри природен гас, што е зголемување од неверојатни 560 проценти во споредба со истиот период во 2023 година.

Бугарија се јавува како најголем увозник на турски гас, со 80,39% од вкупниот извоз. Унгарија е втор најголем увозник со 229,51 милиони кубни метри, или 19,45% од вкупниот извоз. Македонија и Србија увезуваат значително помали количини, со 1,8 милиони кубни метри и 0,13 милиони кубни метри, соодветно, што претставува вкупно 0,16% од извозот на гас на Турција.

Ова зголемување на извозот во голема мера се должи на зголеменото производство од гасното поле Сакарија, пренесува Б92.


фото freepic   

ПРЕПОРАЧАНО