Економија
ГЕРМАНИЈА ЈА МЕНУВА ПОЛИТИКАТА НА ДОЛГОГОДИШНО ПРОТИВЕЊЕ ЗА НУКЛЕАРНАТА ЕНЕРГИЈА!
20.05.2025
Германија се откажа од своето долгогодишно противење на нуклеарната енергија, што е прв конкретен знак за приближување меѓу новата германска влада предводена од канцеларот Фридрих Мерц и политиката на Франција.
Берлин му сигнализираше на Париз дека повеќе нема да ги блокира француските напори за третирање на нуклеарната енергија на рамноправна основа со обновливите извори на енергија во законодавството на ЕУ, пишува Фајненшл тајмс.
Овој потег решава голем спор меѓу двете земји што ги одложуваше одлуките за енергетската политика на ЕУ.
„ Од Германија ни велат ќе бидеме многу прагматични во врска со нуклеарната енергија, рече висок француски дипломат вклучен во преговорите. Ова значи дека „сите предрасуди против нуклеарната енергија, кои сè уште се присутни во законодавството на ЕУ, ќе бидат отстранети“.
„Ова ќе претставува радикална промена во политиката“, рече германски функционер, пренесува Б92.
фото freepic