Економија

Намалено количеството на превезена стока во товарниот патен, железнички и воздушен превоз

Во првото тримесечје од 2025 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 962 илјади, во градско-приградскиот превоз 8 882 илјади, во железничкиот превоз 61 илјада, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 631 180, соопшти Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2025 година, во споредба со првото тримесечје од 2024, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз e намалено за 12,0 %, во железничкиот превоз за 21,9%, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 1,6%.

ПРЕПОРАЧАНО