Економија

ТРАМП ОДЛУЧИ ОД ДЕНЕСКА ЦАРИНИТЕ ЗА ЖЕЛЕЗО И АЛУМИНИУМ СЕ ДВОЈНО ПОВИСОКИ

Американскиот претседател Доналд Трамп  ја  потпиша извршна наредба со која денес стапува во сила и се реализира најава од минатата недела дека царините за железо и алуминиум воведени во март ќе бидат зголемени од 25 проценти на 50 проценти.

- Почнавме со 25, и кога ги разгледавме податоците подетално, сфативме дека тоа многу помогна, но треба да направиме повеќе. И затоа одиме на 50 проценти, изјави Кевин Хасет, економскиот советник на Белата куќа.

Зголемувањето се однесува на сите трговски партнери освен Велика Британија, единствената земја што досега има привремен трговски договор со САД. Царината за увоз на железо и алуминиум од Велика Британија, која не е голем извозник на метали во САД, ќе остане на 25 проценти најмалку до 9 јули.

Околу една четвртина од железото што се користи во САД е увезено, а податоците од Бирото за статистика покажуваат дека повисоките царини особено ќе влијаат на најблиските трговски партнери на САД – Канада и Мексико. Канада е првиот, а Мексико третиот извозник на железо во САД.


Фото МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО