Економија
НАМАЛЕН ИЗВОЗОТ НА СТОКИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ЈАНУАРИ-АПРИЛ ГОДИНАВА
05.06.2025
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2025 година, изнесува 160 217,8 милиони денари и бележи пад од 1,5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – април 2025 година, изнесува 229 440,5 милиони денари, што е за 0,8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари – април 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина, кои учествуваат со 46,8 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60,6 % во вкупната размена.
Главни поенти
Извоз јануари – април 2025 година во однос на јануари – април 2024 година
- 160 217.8 милиони денари: -1,5 %
- 2 601.8 милиони евра: -1,5 %
- 2 785,5 милиони САД долари: -2,5 %
Увоз јануари – април 2025 година во однос на јануари – април 2024 година
- 229 440.5 милиони денари: -0,8 %
- 3 726.1 милион евра: -0,8 %
- 3 983.8 милиони САД долари: -2,0 %