Економија

Руте најави Нов план за инвестиции во одбраната

На денешниот последен состанок на министрите за одбрана пред Самитот на НАТО во Хаг се согласивме за амбициозен нов сет на цели за способност, изјави денеска генералниот секретар на Алијанската, Марк Руте на прес-конференцијата по завршувањето на министерската средба, на која учествуваше и министерот за одбрана Владо Мисајловски. 

- Ова е многу важно. Овие цели точно опишуваат во кои капацитети сојузниците треба да инвестираат во наредните години - противвоздушната одбрана, борбените авиони, тенковите, дроновите, персоналот, логистиката и многу повеќе. Сето ова е потребно за да ги одржиме силни нашите одвраќање и одбрана силни и безбедни нашите една милијарда луѓе, истакна Руте. 

Тој нагласи дека оваа согласност е клучен прв чекор за тоа што му е потребно на НАТО и за да ги задоволат овие потреби, сојузниците ќе треба да инвестираат многу повеќе во одбраната. 

- И тоа е сега работата што не очекува за (Самитот во) Хаг. Да се договори нов план за инвестиции во одбраната што ќе ни обезбеди доволно ресурси за да можеме да одвраќаме и да се браниме во овој поопасен свет, додаде генералниот секретар на НАТО.

Руте најави дека ќе предложи инвестициски план што би предвидувал вкупни одбранбени издвојувања годишно на ниво пет отсто од БДП, од кои 3,5 отсто за основни трошоци одбраната за остварување на новите цели за способностите и уште 1,5 проценти во инвестиции поврзани со одбраната и безбедноста, како што се инфраструктурата и индустријата. 


Извор/фото МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО