Економија

ЕК: МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ЌЕ СЕ НАМАЛИ ЗА 3,9% ВО 2020 ГОДИНА

07.05.2020г.

Шефот на одделот за економија во Делегацијата на ЕУ во нашата земја, Фрек Јанмат на онлајн брифинг денеска ги презентираше економските прогнози на ЕК за Северна Македонија.

Во извештајот се вели дека по растот во 2019 година, економската активност се очекува да се намали како резултат на последиците, предизвикани од корона вирусот. Како резултат на тоа од Комисијата очекуваат македонската економија да се намали за 3,9% во 2020 година.

Според ЕК, намалените приходи во буџетот и зголемените трошења на Владата поради преземените мерки за помош на стопанството, ќе водат кон покачување на буџетскиот дефицит и зголемување на јавниот долг. Буџетскиот дефицит се очекува да биде 6,8%. Зголемувањето на јавниот долг ќе биде 7% (40,2% во 2019 година на 47,2 во 2020година).

Проекциите на ЕК се дека невработеноста во нашата земја ќе се зголеми на 18,1% од сегашните 17,3%. Колку невработеноста ќе се зголемува и дали ќе е потребен ребаланс на буџетот секако ќе зависи од должината на траење на кризата, велат од Комисијата.

Преземените мерки од страна на Владата, според Комисијата, се слични со мерките што ги преземале и државите-членки на ЕУ. Насочени се кон помош на стопанството за исплата на плати и придонеси за зачувување на работните места и задржување на ликвидноста особено кај микро, малите и средните претпријатија.

ПРЕПОРАЧАНО