Економија

АМЕРИКАНСКИТЕ БИЗНИСИ ПОД ГОЛЕМ ПРИТИСОК НА КРИЗАТА ОД ПАНДЕМИЈАТА

блиц свет

Осумдесет и еден процент од малите и средните претпријатија во САД проценуваат дека пандемијата на корона вирусот ќе влијае на нивниот бизнис во наредните 12 до 16 месеци, а речиси 90 проценти предвидуваат забавување на растот, покажуваат резултатите од истражувањето на компанијата за глобални плаќања „Вим“ (Veem). Од 690 анкетирани фирми, 65 % се изјасниле дека тие се пријавиле за помош или планираат да го сторат тоа во блиска иднина. Агенцијата за мало стопанство објави дека до почетокот на мај има одобрено повеќе од 2,5 милиони кредити во вкупна вредност од 536 милијарди американски долари. Корона кризата во САД предизвика и криза во земјоделието при што производителите на храна како житарици, месо, млеко и млечни производи се соочуваат со огромни тешкотии во пласманот на своите производи. И покрај тоа што полиците во супермаркетите во одредени периоди беа празни и со недостаток на некои витални прозиводи поради нарушениот синџир на снабдување, голем број производители на храна беа принудени да ја исфрлат храната во депонии и да извршат еутаназија на илјадници нивни животни. 

ПРЕПОРАЧАНО