Економија

Вања Стојановски: Предизвик, секако, ќе биде вработувањето на нови вработени од реонот каде што оперира фабриката

Автомобилската индустрија во Република С. Македонија

Вања Стојановски, ЛЕАР Корпорејшн, менаџер на фабриката

Тековната состојба во Леар е на задоволително ниво. Сепак, ситуацијата со ковид-19 придонесува кон несигурност на пазарот, откажувања на нарачките од страна на клиентите без претходна најава и воедно проблеми од страна на доставувачите навремено да достават репроматеријал.

Цената на производите од Леар останува непроменета, но сведоци сме на сè почести зголемувања на цените од страна на доставувачите, што директно влијае на финансиските резултати на компанијата.
За наредниве три години, со нова инвестиција која треба да се реализира во 2021 година и во 2022 година, се очекува зголемување на производствените капацитети на компанијата, што автоматски значи поголеми приходи и нови вработувања.

Предизвик, секако, ќе биде вработувањето на нови вработени од реонот каде што оперира фабриката.

(Економија и бизнис, печатено издание, февруари 2021г.)

ПРЕПОРАЧАНО