Економија

Андриј Хафинец: Очекуваме дека поради пандемијата автомобилската индустрија ќе закрепне дури во 2023 година

Автомобилската индустрија во Република С. Македонија

Андриј Хафинец, генерален менаџер, Гентерм − С. Македонија

Гледаме дека индустријата претрпува неколку промени под влијание на следниве мега трендови: автономно возење, електрификација на возилата, персонализирање на удобноста во автомобилот (корисникот сака да има индивидуални поставки). Овие трендови ќе ја движат промената во автомобилската индустрија во следниве 5 до 10 години. Нашата компанија нуди на пазарот производи кои ги поддржуваат сите овие мега трендови: на пр. системи за детекција со и без функција за греење на воланот (автономно возење); системи за поврзување на батериски ќелии и системи за управување со батерии за хибридни автомобили и целосно електрични автомобили; системи за греење на седиштата/системи за вентилација на седиштата, комфорни системи за ладење заедно со вентилатори (персонализирање на удобноста во автомобилот).

Очекуваме дека поради пандемијата автомобилската индустрија ќе закрепне дури во 2023 година (обемот на производство на автомобили од 2019 година ќе се достигне на крајот на 2022 година или почетокот на 2023 година). Тоа значи дека органскиот раст ќе биде ограничен, но би можеле да сметаме на зголемен конкретен интерес за нашите производи за постојните проекти (грејачи на седиштата и грејачи на воланот) или освојување нови бизниси од нашите конкуренти што би баралo од нас активности за намалување на трошоците, зголемена ефикасност на ресурсите што се користат во производството и логистиката. Исто така очекуваме дека производителите на оригинална опрема ќе „пуштаат“ сè повеќе електрични возила на пазарот, што ќе ни даде можност да ги понудиме нашите производи за управување со батерии и системи за поврзување на батериски ќелии. Најголемите предизвици за следниве 3 години ги гледаме во следново: 1) зголемен трошок за работна сила што треба да се компензира со зголемување на ефикасноста ако сакаме да ја одржиме профитабилноста на исто ниво, 2) пристап до квалификувани работници што ќе овозможи ефикасност на фабриката и способност да се обезбеди квалификувана услуга за новите технологии, 3) ограничувања на синџирот на снабдување со суровини како резултат на пандемијата. Веруваме дека овие предизвици можат да се надминат на следниов начин: 1) со зголемена квалификација на персоналот (обука, образование според потребите на бизнисот), автоматизација на процесите, подобрувања на тековните производствени чекори; 2) преку подобрување на образовниот систем со фокус на потребите на бизнисот, техничките стручни училишта, задржување на младиот професионален кадар во земјава (стопирање на одливот на мозоци), преку подобрување на здравствената заштита и образованието во земјава, инфраструктурата; 3) дополнителни или алтернативни доставувачи, локални извори за компонентите од критично значење.

(Економија и бизнис, печатено издание, февруари 2021г.)

ПРЕПОРАЧАНО