Економија

Мојсоска Блажевски: За жал, преовладуваат очекувањата дека економијата ќе каска и ќе остане во сенка на политичките случувања во земјава и меѓународно

Што очекувате од 2022 година?

Досега, во моите пишанија за очекувањата за следната година, се обидував да најдам рамнотежа меѓу предизвиците (или негативните очекувања и движења) и она што мислам дека е на добар пат или позитивно. Овој пат, за жал, преовладуваат очекувањата дека економијата ќе каска и ќе остане во сенка на политичките случувања во земјава и меѓународно. Меѓународните случувања (очекувањата за започнување на преговори за членство во ЕУ) се толку силни што сметам дека ги потиснуваат и ги заматуваат економските движења и аспирациите за повисок животен стандард, реформи кон подобрување на деловното окружување итн. И домашната политика и економијата станаа заложници на „датумот за започнување на преговори“. Мора да ја смениме стратегијата на овој план, инаку нема да има економски и општествен напредок.
За жал, силни се и економските предизвици, пред сè енергетската криза и цената на енергијата, како и инфлацијата. На позитивната страна би ја ставила фискалната политика и плановите за поголема фискална отчетност на општините. Но, да видиме какви решенија ќе понуди новата влада.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано