Економија

Манова Ставреска: Иницијативата „Отворен Балкан“ низ бројки

Антонета Манова Ставреска

Иницијативата „Отворен Балкан“ (ОБ) произлегува од Берлинскиот процес и е замислена како економска зона меѓу Македонија, Србија и Албанија во почетната фаза, а подоцна би се приклучиле и останатите земји од регионот на Западен Балкан. Целта е да се зајакнe регионалната економска соработка и да се унапреди слободата на движење на луѓе и на добра. Воедно, иницијативата треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните и за бизнисите преку зголемените можности на полето на трговијата, заедничките инвестиции, развојот на туризмот, настапот на трети пазари, како и поттикнување на интеграцијата на земјите од ОБ во Европската Унија. Покрај ова, преку ОБ ќе се промовира развојот на регионалниот пазар со цел привлекување на инвестиции, што од една страна ќе го зголеми интересот на странските компании поради големината на заедничкиот пазар и понудата на работна сила, а од друга страна ќе ја елиминира меѓусебната конкуренција на земјите од ОБ. Сите овие активности треба да имаат позитивен ефект врз развојот на економиите на трите земји и остварување на повисоки стапки на економски раст.

За да може да се оцени напредокот што се очекува да го донесе ОБ, потребно е да се согледа каква е тековната состојба. Анализата на надворешно-трговската размена треба да покаже колку е значајна размената и што треба да се направи за подобрување на размената со овие две земји од Иницијативата „Отворен Балкан“.


Целата анализа на следниот ЛИНК


(Економија и бизнис, печатено издание, февруари 2022г.)

 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано